Mарко Вуковиќ е роден 1975. година во Крагујевац. Ги објавил збирките поезија: Тешко е времето (1994), Зад насмевката (1998), Засрчување (2000), Див камен (2005).
|
ЛУБЕНИЦА
Ме расече болката
И трагите на забите кажуваат
Изедено ми е срцето
Како согорени солзи
Црни се семките во низата
Единственото мое нерастргнато
Кога и нив ќе ги проголтнеш
Во тебе ќе се загледаат
Белите и крвави празнини
Стуткана кора ќе се сторам
Низ несоницата расфрлена
На срцето што не се надева
РОЗА
И неа ја измамија
Оти во вазна
Може да се живее
Затоа пупките додека се раскрилуваат
Во немото уво ечи
Секој двиг на венечното ливче
Кришум ноќе паѓаат
Ко северец пиштат
Пред да треснат
В несоница ме штрекнуваат
Наутро розата ми намигнува
И го покажува цврстото трње